Што е гнило во една од најпознатите приватни здравствени клиники која со години ужива третман на недопирливост од страна на властите?
Кога под заштита на институциите лекарската етика ќе биде заменета со неодговорност, а лекарската грижа со желба за профит, цената на услугите во една позната приватна здравственa клиника се плаќа сo живот!
- Истрагата која траеше повеќе од 22 месеца нè донесе до морбидни откритија. Почнавме да работиме на сторија за пандемско профитерство, за да разоткриеме децениски долго институционално злосторство врз здравјето и парите на граѓаните. Во македонскиот државен и приватен здравствен систем, никој не е безбеден – најавува тимот на “Редакција”.
Гледајте ја новата епизода со наслов „Нечиста крв“ на 17 јули (недела) на МРТ1 од 20:15 часот и на YouTube каналот на емисијата.
Дани | ТВ Пакет