Почетна / Забава / Франческо Тристано со концерт на 23-ти јули во Филхармонија

Франческо Тристано со концерт на 23-ти јули во Филхармонија

На 23 јули, со почеток во 20.30 часот во големата концертна сала на Mакедонската филхармонија ќе се одржи несекојдневен и ексклузивен настан.
Исклучително интересен концерт на кој ќе имаме можност да го слушнеме фантастичниот и светски познат пијанист, продуцент и композитор Франческо Тристано кој ќе настапи заедно со ФАМЕС оркестарот, составен од млади талентирани музичари од европските земји и Македонија, под раководство на нашиот познат мултиталениран музичар и диригент Џијан Емин.
Концертот претставува прекрасно музичко патување каде публиката ќе има можност да се сретне со различни музички стилови испреплетени и збогатени со симфониски оркестар, композиции во кои се користат нови технологии но во исто време и го користат звукот и инструментите од традиционалниот симфониски орекстар. Овој концерт на хибридна музика, претставува своевиден музички крстопат каде се среќаваат класичната, електронската и современата музика, користејќи џез импровизации и елементи. На концертот ќе бидат изведени композиции кои се веќе создадени од Тристано и Емин, но и композиции кои ќе бидат напишани специјално за овој концерт.


Овој концерт претставува една убава завршница на семинарот за хибридна оркестарска музика, симболично насловен како Carte Blanche, а ќе ни ја претстави работата на младите музичари кои учествуваа во работата на оркестарот на ФЕЈМС Институтот и мастер класовите кои ги водеа Франческо Тристано и Емин Џијан.
Оркестарот на ФАМЕС Институтот го сочинуваат млади талентирани музичари од различни европски земји и Македонија, чија цел е пред се преку работа со врвните уметници и диригенти да се стекнат со нови искуства и знаења, да научат повеќе за различните музички стилови, начини на изведување и секако меѓусебно да ги разменат личните музички искуства и знаења но и сопствените традиции и културни карактеристки. Овие млади музичари, поддржани и раководени и од врвни македонски музичари, во различен состав ја започнаа својата работа на 14 јуни и поминаа низ еден многу разновиден и интересен едукативен процес, фокусирајќи се најмногу на професионализација на оркестарското муизцирање.
Досега веќе беа реализирани два големи концерти, првиот на отворањето на фестивалот Скопско Лето, а потоа и концертот со клецмер музика заедно со познатите музичари Оливие Труан и Колсимча.
На 23 јули со овој фантастичен концерт, различен по содржина од сите претходни завршува ова музичко патување на младите таленти и врвните професионални музичари.
Оркестарот при ФАМЕС Институт ќе продложи со својата работа веќе во септември и октомври, кога повторно ќе следат многу интересни концерти и содржини.

Билетите за овој концерт се по специјална цена од 300 денари и 150 денари за студенти и ученици. Билетите можат да се купат на страницата на www.mktickets.com

Франческо Тристано е исклучителен и мултиталентиран музичар: пијанист и композитор, кој успешно ги комбинира сите музички стилови. Франческо кој е веќе многу познат и во електронската, експерименталната и џез музиката стана референтна личност кога се зборува за новите движења, каде експлодира неговата креативност и умешност но и начинот на кој тој успева да ја хомогенизира музиката и публиката. Тој соработува со врвни имиња како Дерек Меј, Карл Крег…
Тристано започнува да свири пијано на пет годишна возраст во Њу Јорк, на престижната школа Џулијард, а токму и во Њу Јорк, ја започнува приказната со електронската музика и ги завршува и постдипломските студии. Добитник е и на голем број на награди од релевантните музички натпревари.
Франческо се смета како одличен познавач на барокната но и на современата музика. Тој има снимено огромен опус на композиции од барокот соработувајќи и настапувајќи со најпрестижните оркестри и светски сцени. Неодмна го сними и новиот албум со барокна музика, снимен во живо на концерт во Ла Скала. Посебно се издвојуваат неговите настапи во Елб филхармонијата, Концертгебау, Аудиториумот во Барселона, симфониските оркестри во Цирих, Шчечин, Лил, Ливерлпул, Луксембург, Лајпциг (соработувајќи со познатиот диригент Кристијан Јарви) и многу други. Неодамна, заедно со диригентот Румон Гамба, беше изведен и неговиот нов концерт за пијано и оркестар во Хонг Конг.


Неговиот дискографски опус освен композиции од барокната музика опфаќа и бројни дела од современата музика, како на пр.композции од Л. Берио, Џ. Кејџ, потоа проектите насловени Idiosynkrasia, BachCage, The Long Walk, Scandale, Piano Circle Songs, Tokyo Stories и други.

Џијан Емин, роден во Скопје е сестран музичар со огромно музичко искуство. Долги години тој е прв хорнист во Македонската филхармонија, додека истовремно свири импровизиација и џез, диригира на меѓународни оркестри за компонирање и аранжирање партитури за филм и театар, свири гитара или клавијатури со рок групи, продуцира албуми, а работи и како уметнички директор на музички фестивали.
Џијан блеска во сиот свој сјај во секој свој музички облик, секогаш додавајќи изворен глас и неверојатна музикалност. Се смета за еден од водечките музичари на современа музика од Македонија и регионот, уживајќи прилично голема репутација и углед низ целиот свет, што природно доаѓа за еден музичар на музичко ниво како Џијан.
Тој соработува со реномирани музичари како Derrick May, Juan Atkins, Jeff Mils, Francesco Tristano, добитници на Оскар и на Греми награди како Kurt Elling, Frank London, Malcolm Burn, A.R. Rahman, Femi Kuti & The Positive Force, Fourplay, William Parker, Bob Stewart, Renaud GarciaFons, Francesco Bearzzatti, Luca Aquino, Gianluca Petrella, Peter Herbert, Damo Suzuki, “ Air “, Gloria Estefan, Kiril Djajkovski, Arhangel, Vlatko Stefanovski, Toni Kitanovski,..
Како диригент / продуцент на различни проекти, неговите дела се изведувани во симфониските оркестри во Детроит, Мелбурн, Париз, Фландрија, Кан, Грузија, Лорена, Белград, Скопје…

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен нов датум за новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“

Поради огромниот интерес и целосно распродадениот прв датум на новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“, …

error: Содржината е заштитена!