📅 петок, 29 јули
⏰ 22:10 – Болка и слава
Салвадор Маљо, филмски режисер на постари години, доживува низа повторни средби. Некои од нив се во живо, други пак се спомени.
Неговото детство во шеесеттите години на минатиот век, кога се доселил со родителите во едно село во Валенсија во потрага по подобар живот; првата симпатија; првата љубов во Мадрид во осумдесеттите години и болката на раскинувањето на врската додека неговата љубов сѐ уште била жива и силна; пишувањето како единствената терапија да се заборави тоа што не се заборава; неговите почетоци со филмот; и бескрајната празнина што ја открива неможноста да продолжи да снима филмови.
Преку потсетувањето на минатото, Салвадор ја наоѓа силната потреба да го раскаже и во таа потреба го пронаоѓа и сопствениот спас.
Драмата беше наградена 66 пати и номинирана за две награди „Оскар“, а на Телма ќе се емитува на 29 јули во 22.15 часот.
Во главните улоги ги гледаме Антонио Бандерас и Пенелопе Круз, а филмот е автобиографско остварување и лична приказна на Алмодовар, авторот на наградуваните „Зборувај со неа“ и „Сè за мајка ми“.
Дани | ТВ Пакет