Низа приказни со напнати заплети, харизматичен главен лик и шармантни споредни ликови ќе ве дружат во август на Сител по полноќ.
Џек Ајриш некогаш бил успешен деловен партнер во една приватна адвокатска канцеларија во Мелбурн, но откако сопругата му е убиена, тој запаѓа во алкохолизам и депресија. Прво, започнал да ги губи случаите, а потоа и самодовербата. Откако стигнал до дното, решава повторно да се издигне, да стане приватен детектив и да го среди мозаикот на својот разурнат живот.
Па така, во првиот случај, Ајриш разоткрива сериозна мрежа на корупција во полицијата, црквата и државниот политички врв. Потоа следува случај во кој му помага на пријателот, чиј син исчезнал, а во третиот дел, Џек е во потрага во една црвена книга, преку која навлегува во свет на мрачни ликови, уценувачи и убијци.
Ликот на Џек Ајриш го толкува Гај Пирс, познат по улогите во филмовите “Доверливо од ЛА” (1997), “Мементо” (2000) и “Прометеј” (2002).
Дани | ТВ Пакет