Вил Смит откри дека стапил во контакт со Крис Рок откако му удри шлаканица на „Оскарите“, но комичарот, наводно, рекол дека не е подготвен да разговара. Скандалот се случи на сцената на доделувањето на „Оскарите“ во март, откако комичарот се пошегува на сметка на сопругата на Смит.
Во петокот, актерот објави видео на својот канал на Јутјуб во кое се навраќа на инцидентот. Тој првпат говори за она што се случи, и го повтори своето извинување.„Крис, ти се извинувам. Моето однесување беше неприфатливо. Тука сум кога ќе сакаш да разговараш со мене.“
„Последните три месеци ги поминав обидувајќи се да ги сфатам нијансите и сложеноста на она што се случи во тој момент. Не размислував колку луѓе се повредени во тој момент… Нема дел од мене што мисли дека тоа бил вистинскиот начин да се однесувам во тој момент. Го контактирав Крис и повратната порака е дека тој не е подготвен да зборува, и кога ќе биде, тој ќе ми се обрати.“ вели актерот.
Дани | ТВ Пакет