Почетна / Телевизија / Цензура | Во село Свиларе, ѝ било забрането на ТВ Алсат да снима

Цензура | Во село Свиларе, ѝ било забрането на ТВ Алсат да снима

Вчера напладне новинарската екипа на телевизијата Алсат во состав Мелихате Рустеми (новинарка) и Бојан Костовски (снимател) биле спречени да ја вршат својата работа. Екипата пристигнала во селото горно Свиларе(општина Сарај) по претходно добиени информации дека жителите немаат вода за пиење. После неколку минути снимање, се појавило лице во цивилна облека кое агресивно викајќи им забранил да снимаат со насока да го напуштат селото за 5 минути и образложение дека тој е главен таму, причина заради која екипата на Алсат треба да ги спроведе неговите наредби, велејќи дека нивните информации за недостиг на вода не се точни, но без да остави можност да се провери. Притоа, барал од новинарката дозвола за снимање.

Новинарката Рустеми заедно со снимателот Костовски, после образложението дека за снимање на јавни површини не е потребна дозвола од надлежните институции и неколку минутен вербален конфликт, после појавата на уште неколку лица, а со цел да избегнат поголем конфликт, биле принудени да го напуштат просторот, јавната површина и да најдат друго место за снимање.

Екипата на Алсат го снимила целиот вербален конфликт, кој пак бил емитуван и во вчерашните вести на телевизијата.

ЗНМ посочува дека ваквиот третман кон новинарите придонесува кон нивна цензура. Токму затоа, ЗНМ бара од надлежните институции да се преземат конкретни мерки против лицето, со цел во иднина да не се случува попречување на правото на работа на новинарите и правото на информирање на граѓаните.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

error: Содржината е заштитена!