Почетна / Забава / Евровизија / Нови промени за Евровизија 2013 (Шведска)

Нови промени за Евровизија 2013 (Шведска)

 

Швеѓаните ќе ни ја прикажат идната Евровизија во едно ново светло, кое тие се уште го кријат, но навидум освен што ќе има промени во сцената, најавуваат доста промени во графичкиот и визуелниот дел за време на прикажувањето. Да, на изненадувањата им нема крај, пред неколку денови беше објавена најновата „радикална“ промена во врска со редоследот на настапување.

Досега како што знаеме редоследот за настап во полуфиналето и финалето на Евровизија беше одлучуван преку ждрепка, односно случајно извлекување на земјите од бројот еден па се до крајот на листата на учесници. Но, од идната година, домаќините ќе направат големи промени – кој под кој број ќе настапува ќе одлучува исклучиво група одбрани луѓе – продуценти на Евровизија 2013. Организаторите се надеваат дека со овој потег ќе го подобрат квалитетот на шоуто, а истовремено и возбудата. Секако, во план е распоредување на земјите по типот на песната со која ќе се претстави и дека редоследот на настап ќе биде одреден по принцип да две слични песни не бидат изведени една после друга, со што им овозможува на секој пејач да се покаже во своето вистинско светло, без да биде засенет од сличен тип на песна која настапила пред него.

 

 

Во јануари е закажана стандардната ждрепка по која ќе бидат на истиот начин како и минатите години одбрани која земја во кое полуфинале ќе настапи. Интересно е дека единствена земја која по случаен редослед на настап ќе биде земјата домаќин – Шведска. Нивните соседи Данска и Норвешка веќе се поделени да Данска настапи во првото, а Норвешка во второто полуфинале. Организаторите објаснуваат дека со овој начин ќе дојдат до праведна поделба на влезниците за секое од полуфиналињата, бидејќи најмногу од посетителите покрај оние од Шведска, се очекуваат од Данска и Норвешка. Границите на тие две земји со Шведска се најблиску до градот домаќин, Малме.

Наскоро ќе ги добиеме и информациите за визуелниот идентитет на Евровизија 2013, слоганот, и начинот на разгледниците, за кои Швеѓаните велат дека ќе бидат поинакви и особено поинтересни од минатите години.

 

 

 

Боби Китанов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!