Почетна / Серии / Елегантна и раскошна – „Ривиера“, нова трилер серија на Сител
Британска серија, снимена од 2017 до 2020 година во три сезони и вкупно 28 епизоди

Елегантна и раскошна – „Ривиера“, нова трилер серија на Сител

Џулија Стајлс е главната актерка во новата трилер серија на Сител која ќе може да ја следите во полноќниот термин веќе од четврток, 25-ти август.

Идејата за оваа серија потекна од поранешниот менаџер на бендот U2, Пол Мекгинис, а ја разви сценаристот и режисер оскаровецот Нил Џордан. Дејството на „Ривиера“ се одвива на сончевиот југ на Франција, на Азурниот брег, каде се собираат богати луѓе од целиот свет.

Серијата ја раскажува приказната за американски уметнички кустос, Џорџина. По една година брачен живот, нејзиниот сопруг Константинос е убиен во експлозија на јахта на руски олигарси и трговци со оружје.

Нејзиниот живот за миг се превртува наопаку, а Џорџина е решена да открие што се случило. Верувајќи дека оваа смрт не е несреќа, таа започнува истрага во текот на која ќе ги открие мрачните тајни на нејзиниот сопруг.

Таа ќе се вклучи во светот на лагите и криминалот, а за да го заштити семејството, мора да научи да се прилагодува и да преживее во новата опасна реалност.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!