Чарли Харпер е богат ерген со куќа на плажа, Мерцедес, кој и жените го обожаваат. Фантастичниот живот во Малибу му го расипува брат му Ален, кој се доселува кај него со синот Џек.
Работата додатно ја комплицираат нарцисоидната и емотивно отровната мајка на Чарли и Ален, Евелин која сака да доминира со нивните животи, како и невротичната бивша жена на Ален, Џудит. И покрај сите несогласувања, Чарли и Ален имаат една заедничка особина: и двајцата го сакаат Џек и му посакуваат сѐ најдобро. Како резултат на тоа имаат фина семејна заедница која секој од нив го прави подобар човек.
Познатиот ситком “Два ипол мажи” своевремено го гледавме на А1 и А2 телевизија, а редовно се емитува и на кабловскиот Fox Life. Оваа есен, секоја ноќ во 22.55 часот на Фокс, потсетете се на оваа хумористична серија која го прослави контроверзниот Чарли Шин.
Дани | ТВ Пакет