Американската медицинска драма која дебитираше на телевизијата Fox на 16 ноември 2004, повторно на каналот ФОКС и тоа со двојна доза од понеделник до петок во 17 часот.
„Доктор Хаус“ е дело на Дејвид Шор и Пол Атанасиј, снимена во осум сезони Главната улога во оваа фантастична серија од осум сезони ја игра Хју Лори, кој со својата појава создаде лик на ексцентричен доктор, со остар ум и јазик.
Д-р Хаус често се судира со својот шеф, болничкиот администратор и декан д-р Лиса Кади (Лиса Еделстајн) и со неговиот дијагностички тим, поради многуте негови хипотези за болестите на пациентите кои се темелат врз суптилни и контроверзни сфаќања. Единствен вистински пријател на Хаус е д-р Џејмс Вилсон (Роберт Шон Лионард), шеф за одделот за онкологија.
„Доктор Хаус“ беше најгледаната телевизиска серија во светот во 2008 година. Серијата се има здобиено со неколку награди, вклучувајќи ги наградите „Избор на народот“, „Пибоди“, два Златни глобуса и четири „Еми“.
Дани | ТВ Пакет