Почетна / Филм / Британска и бразилска драма во сабота на 27-ми август на Телма

Британска и бразилска драма во сабота на 27-ми август на Телма

📅 сабота, 27 август
⏰ 19:15 – За кралицата и татковината

Бил Рохан има 18 години и е повикан во војска. Таму набрзо се спријателил со војникот Перси и двајцата станале наредници. Додека повеќето од нивните колеги отидоа во Корејската војна, тие учат дактилографија. Одликуван ветеран од Втората светска војна им го загорчува животот во касарната, а слободното време во градот го поминуваат во потрага по девојки …


⏰ 22:15 – Галама од соседството

Животот во населбата од средната класа во Ресифе добива неочекуван пресврт откако една куќа ја чува независна компанија за обезбедување. Присуството на овие луѓе носи чувство на сигурност – а во исто време создава вознемиреност кај оние кои претходно ја злоупотребувале атмосферата на страв и неизвесност.

Во меѓувреме, Ева (Мејв Џинкингс), мажена мајка на две деца, сака некако да се справи со својата несоница поради постојаното лаење на кучето на соседот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!