За првиот септемвриски викенд, продолжуваат репризите на филмови на Телма. Во 19.15 часот на 2 септември ќе се прикаже повторно “Мрачно богатство” со Елени Хопт, Ное Риклин, Елиса Плус во главните улоги.
Ив е момче кое трагично го загуби семејството. Неговата љубопитност ја шокира околината. Кога роднините на Ив ќе почнат битка за неговата иднина, докторката која го лекува носи радикална одлука…
А вечерта, веднаш по вечерните вести, следува кинеската акција “Нарко војна” со Ка-Фаи Ваи, Наи-Хои Јау, Рајкер Чан во главните улоги.
Полицијата имаше среќен ден, неочекувано е фатена голема ѕверка. Кога треба да избере помеѓу живот и смрт нарко дилерот е подготвен да ги предаде сите, во замена за сопствениот живот. Може ли навистина да му се верува до крај?
Дани | ТВ Пакет