Почетна / Сапуници / Кадир и Неслихан пред развод; Кадир повторно се оженил?

Кадир и Неслихан пред развод; Кадир повторно се оженил?

Турскиот печат е потресен од апсолутно неверојатни гласини за парот Неслихан Атаѓул и Кадир Догулу. Се вели дека Кадир повторно се оженил. Кој ги започна гласините, и што рекоа инволвираните страни за скандалот?

Кадир Догулу и Неслихан Атагул, кои се подготвуваат да се вратат на ТВ екраните со заедничка серија, неодамна се најдоа во центарот на скандал откако Кадир лично потврди дека тој и неговата сопруга се членови на редот на Бекташи.
Бекташите се исламски суфиски ред, основан од Хаџи Бекташ Вели, и официјално укинат (1826) од султанот Махмуд Втори. Се карактеризира со мистицизам, заснован врз еретички елементи од предисламскиот период, со занемарување на верските обврски, вклучувајќи ја и задолжителната молитва, како и елементи од христијанството. Тие се карактеризираат како слободоумници кои живеат надвор од нормите на Исламот.

За жал, името Бекташи не е многу прифатено во Турција. Во моето детство тие претставуваа чудаци кои излегуваа од темни зандани. Но, бекташизмот за нас претставува духовно патување. Тоа се трудиме да го покажеме што е можно повеќе во нашите животи со нашиот дом, нашата работа и нашата позиција. Мојот сосед знае, моите роднини знаат. Бекташизмот постоеше пред мене и ќе постои и после мене.“, вели Кадир при првото соочување со јавноста за оваа тема.

Озлогласениот турски новинар Онур Акаја фрли нова бомба во една телевизиска емисија. Тој тврди дека парот бил блиску до развод, но сепак се смирил благодарение на интервенција на нивни пријатели. Меѓутоа, според новите сознанија на Онур. Кадир склучил „nikah“ (муслимански брак) со една своја колешка од заеднички проект – нешто што е дозволено во Бекташкиот ред. Наводно, ова му го кажале блиски пријатели на парот.

И покрај тоа што изјавата на новинарот ги шокираше турските корисници на социјалните мрежи, сè уште нема појаснување од ѕвездите.
Кадир и Неслихан се добро познати на нашата публика. Кадир моментално можете да го гледате во улогата на Алпер од „Дозволи да те сакам“, додека Неслихан ја толкува убавата Нихан во „Карасевда“. Двете серии се емитуваат на каналот Dizi.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!