Преку новите 11 епизоди, кои стилски и визуелно се базирани на првата сезона, на публиката ќе и бидат раскажани различни приказни во кои инспекторот Никола Крсмановиќ истражува низа свирепи убиства, но во исто време ја открива тајната на сопственото потекло. Инспекторот Никола добива достоен наследник, младиот инспектор Атила Варга.
Дејството на приказната во новата сезона на „Мочвара“ се сели од Белград во Сента, навидум идилично место во Војводина на брегот на реката, каде живеат, владеат и одлучуваат за животот и смртта неколку семејства. Преку новите епизоди публиката ќе може да види како се менува инспекторот Никола, станува подготвен да прости, ќе дознаеме што ќе се случи со него и ќе откриеме клучни прашања за развојот на некои нови приказни…
Инспекторот Никола Крсмановиќ е во лоши односи со поранешната сопруга Маја. Тој се гледа со својата ќерка секој втор викенд и му пречи што новата партнерка на Маја го зазеде неговото место. По смртта на мајка му Даница, тој почнува да ја бара вистината за сопственото потекло.
Елена, девојката која Никола ја познавал и на која се обидел да и помогне, била пронајдена брутално убиена во гратчето во Војводина, веднаш по ергенската забава на пејачот во подем Срѓан Каран, кој треба да се ожени за Лидија Гарчевиќ, ќерката на локалниот моќник. Излегува дека мирното место во Војводина каде што е убиена Елена, крие страшни тајни.
Младиот инспектор Атила Варга, несреќно заљубен во Лидија, истражува и наоѓа порака испишана со крв „Никола Крсмановиќ“. Атила стапува во контакт со Никола кој станува опседнат со случајот на Елена.
Никола открива дека покојната испровоцирала многу моќници од гратчето Војводина каде што била убиена. Атила чувствува мешавина од восхит и одбивност кон Никола, а со текот на времето и двајцата сфаќаат дека се слични – отфрлени во потрага по вистината… Барајќи го убиецот на Елена, Никола ќе открие тајни за неговото семејство кои се кријат со години…
Oд среда, 14 септември во 22.15 часот, новата сезона на српски серии на Телма започнува со втората сезона од “Мочуриште”.
Дани | ТВ Пакет