Водителката која за македонската публика стана позната по “Само вистина”, минатата сезона го напушти тимот на Канал 5, а сега со новата сезона повторно се враќа на малите екрани.
И тоа во иста емисија каква што водеше на Канал 5, но овојпат на ТВ 24. Мирјана ќе биде дел од уредниците и водители на попладневната политичко дебатна емисија “Аргумент плус” која ќе се емитува во 17.45 часот, веднаш по вестите.
Ист концепт како емисијата што ја почна на Канал 5 – имаат ли воопшто телевизииве чувство за промена и креативност наместо да копираат туѓи идеи и да следат туѓи успеси, со оглед дека “Само вистина” е најгледаната дебатна емисија во етерот која конфротира две различни страни, две различни општествени гледишта.
Дани | ТВ Пакет