Почетна / Сапуници / Канал 5 реши да репризира веќе прикажана турска серија

Канал 5 реши да репризира веќе прикажана турска серија

Од понеделник (19 септември), секој ден со почеток во 13.15 часот на фреквенцијата на Канал 5 ќе се репризира турската драма “Не плачи мамо”, емитувана пред точно една година.

Во продолжение ве потсетуваме на приказната за Алев.

Таа била амбициозна млада жена која направила грешка во факултетските денови. Имала романтична врска со Аднан во текот на младите години, забременила и родила девојче, и покрај противењето на нивните фамилии.

Богатото и моќно семејство на Аднан ѝ се заканувале, ја избркале и не сакале таа девојка да влезе во нивните животи. Исплашена и од својот татко кој не го сакал бебето, Алев се обидела да го убие своето родено бебе, но во тоа не успеала и затоа била испратена во затвор.

Така, годините ги минува во затвор, напуштена и заборавена од сите, осудена да ја одлежи својата казна и да се покае за она што го посакала. Сепак, сестрата на Алев, Дамла, се спротиставила на нивниот татко и решила сама да се грижи за девојчето на сестра ѝ.


Алев излегува од затвор кога нејзината ќерка Зејнеп ќе наполни 18 години. Зејнеп е убава девојка, која мисли дека нејзина вистинска мајка е Дамла, несвесна дека таа ѝ е всушност тетка.

Сега, доаѓа моментот за Алев да се соочи со грешките од минатото и да го поврати она од кое некогаш мораше да се откаже. Мајчинската љубов ќе ја води на патот до целта, но од другата страна е нејзината сестра Дамла, која веќе не може да прифати туку така да се откаже од Зејнеп.

Приказната за двете сестри дополнително ќе се комплицира кога Дамла ќе се заљуби во Аднан, кој е сега несреќно оженет и има дете.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!