Почетна / Филм / Филм посветен на бегалците и косовска драма вечерва на Телма

Филм посветен на бегалците и косовска драма вечерва на Телма

📅 недела, 18 септември
⏰ 19:50 – Добредојдовте во Норвешка

Еден брачен пар решава да отвори дом за бегалци во оддалечените студени планини во Норвешка. Пер Примус, главата на семејството не умее да ги цени парите, а истовремено е и голем расист. Неговите проблеми почнуваат кога во неговиот дом ќе почнат да доаѓаат луѓе со муслиманско потекло.

Но врв на неговите проблеми ќе биде Абеди, неверојатно досадниот оптимист од Конго. Тој го нервира Примус, но тој полека и сигурно почнува да го менува неговиот живот.
На крајот Пер ќе мора да одбере, или неговиот нов пријател или заработувачката!

⏰ 22:15 – Заколната девица
Филм на Лаура Биспури (Laura Bispuri), албанско-италијанска копродукција. Хана е албанско сиракче, кое живее со оженет планинар и со неговата ќерка, која е на нејзина возраст.

Во тој контекст, жената е принудена да ги следи строгите правила на Канунот, обичајно граѓанско право, активен меѓу албанските планинари, кои во отсуство на машки деца можат да ја натераат жената да се прогласи за маж, однесувајќи се соодветно. Но, пристигнувањето во Италија за неа ќе биде културен шок.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!