Почетна / МК Сцена / Скопски фестивал се враќа во полн сјај

Скопски фестивал се враќа во полн сјај

 

18 песни изведени во живо од познати македонски пејачи следени од оркестар составен од 54 музичари се основото обележје на овогодишниот Скопски фестивал што се одржува на 17-ти ноември со почеток во 20 часот. Место на случување е Македонскатаопера и балет, а водител на настанот е Игор Џамбазов.

„Суштината на секој музичар е да ја испее песната во живо со оркестар што ќе го следи. Тоа беше основното по кое Скопскиот се разликуваше од останатите фестивали. Да се пее во живо не е лесно, но затоа пак за секој пејач е предизвик. А песната ја има вистинската магија кога е изведена во живо. Среќен сум што имаме и учесници кои се релативно нови на музичката сцена кај нас и кои треба да го продолжат делото на Шпато, Џамбазов, Бранѓолица, Димитров и на многу други автори од постарата генерација“, изјави раководителот на музичката продукција во МТВ, Љупчо Мирковски.

 

Дека фестивалот е вистински предизвик покажува и бројот на учесници. На Скопската сцена ќе настапат Верица Пандиловска, Јана Бурческа, Александар Тарабунов, Ристо Самарџиев, Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Андријана Јаневска, Драган Мијалковски, Бојан Стојков, Арија, Елена Ристевска, Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Лаура Крлиу, Нико Георгиевски, Александра Пилева и Влатко Илиевски. Песните се снимени во М1 студиото на МТВ. Фестивалските песни ќе бидат ставени на двојно ЦД , како и компилација од сите досегашни хитови на фестивалот.

„Порано Скопскиот фестивал беше место од каде излегуваа хитови. Од 1968 година па до 1987 година беше фестивал за почит. Подоцна сè се смени и фестивалот не се одржуваше секоја година, изборот на песни беше различен, изборот за Евросонг го поврзаа со овој фестивал. Се направија многу нешта, а фестивалот пропаѓаше. Сметаме дека овој фестивал заслужува свое заживување“, додаде Кире Костов.

 

 

Изведувачи на Скопје фест 2012 година

1. Јас сум само твој – Ѓоко Танески
Композитор: Зоран Алексиќ
Текстописец: Ѓоко Танески
Аранжер: Кире Костов

2. Би била твоја – Јана Бурческа
Композитор: Валентино Скендеровски
Текстописец: Јана Бурческа
Аранжер: Валентино Скендеровски

3. Срце од стакло – Арија
Композитор: Бојан Ѓошевски
Текстописец: Огнен Неделковски
Аранжер: Кире Костов

4. Ноќва е тајна – Наде Талевска
Композитор: Григор Копров
Текстописец: Јордан Данаиловски
Аранжер: Владимир Дојчиновски

5. Љубовта е авантура – Нико Георгиевски
Композитор: Драган Вучиќ
Текстописец: Миодраг Врчаковски
Аранжер: Кире Костов

6. Во пепелта на љубовта – Влатко Илиевски
Композитор: Љупчо Мирковски
Текстописец: Огне Неделковски
Аранжер: Љупчо Мирковски

7. Било кој – Драган Мијалковски
Композитор: Драган Мијалковски
Текстописец: Драган Мијалковски
Аранжер: Демир Имери

8. Залудно е – Тамара Тодевска
Композитор: Роберт Билбилов
Текстописец: Ксенија Николова
Аранжер: Живоин Глишиќ

9. Ланче под перница – Александар Тарабунов
Композитор: Кире Костов
Текстописец: Миодраг Врчаковски
Аранжер: Кире Костов

10. Во мене едно – Дани Димитровска
Композитор: Весна Малинова
Текстописец: Весна Малинова
Аранжер: Кокан Димушевски

11. Милица – Ристо Самарџиев
Композитор: Ристо Самарџиев

Текстописец: Демир Имери
Аранжер: Ристо Самарџиев

12. Ти не си таков – Верица Пандиловска и хорот Рустико
Композитор: Љупчо Мирковски
Текстописец: Јасмина Кантарџиева
Аранжер: Љупчо Мирковски

13. Живеам за нас – Ламбе Алабаковски
Композитор: Дарко Димитров
Текстописец: Елена Ристеска
Аранжер: Дарко Димитров

14. Можеби – Андријана Јаневска
Автор: Андријана Јаневска

15. Заборави – Бојан Стојков
Композитор: Љупчо Трајковски Фис
Текстописец: Бојан Стојков
Аранжер: Љупчо Трајковски Фис

16. Имам јас се – Александра Пилева
Композитор: Владимир Дојчиновски
Текстописец: Кристина Арнаудова
Аранжер: Владимир Дојчиновски

17. Кој е крив – Лаура Крлиу
Композитор: Весна Малинова
Текстописец: Весна Малинова
Аранжер: Живоин Глишиќ

18. Не лажи ме – Елена Ристевска
Композитор: Дарко Димитров
Текстописец: Елена Ристевска
Аранжер: Дарко Димитров

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!