Со почетокот на октомври на малите екрани се враќа популарното кулинарско шоу “Брза кујна” со нова, осма сезона. Терминот е добро познат, 16 часот и 50 минути, а водителката и овојпат е Сања Савеска која нè дружи последните неколку сезони.
Новина од оваа сезона е тоа што омилениот шеф Марк добива замена. Од оваа сезона на местото на Марк ќе биде шеф Бобан Симоновски кој ќе го предводи тимот на пиперките и со своите кулинарски вештини ќе му се спротистави на шеф Никола Мишковски од тимот на доматите.
Готвачите заедно со водителката секој работен ден ќе го направат уште позабавен и поинтересен, а ќе понудат и многу нови и интересни рецепти кои ќе треба да ги подготват од само 6 намирници и тоа за само 20 минути.
Дани | ТВ Пакет