Секој ден на Сител телевизија во 5.30 часот наутро се емитува јапонската анимирана серија “Лав лајв” која ја следи приказната за девет тинејџерки во нивните школски денови.
Кога eдно училиште е планирано да биде затворено поради недостаток на ученици, Хонока Косака решава по секоја цена да го спаси.
Хонока и нејзините пријателки одлучуваат да ги следат стапките на тин бендот А-Рајс од конкурентското училиште и да основаат свој бенд за да привлечат нови студенти.
Штом успешно ќе го спречат затворањето на Академијата, девојките ќе учествуваат во Love Live, врвниот натпревар за училишни идоли во кој се појавуваат најдобрите музички групи во земјата.
Дани | ТВ Пакет