Серијата со Арманд Асанте и Стивен Бауер во главните улоги има 10 епизоди и ќе се емитува на стриминг платформата FilmBox+, почнувајќи од 1 октомври 2022 година.
Арманд Асанте (познат од филмовите како “Gotti”, “American Gangster”) и Стивен Бауер (познат од серијалот за Реј Донован) се ѕвездите во новиот оригинален серијал на FilmBox, “Mister Mayfair” кој започнува на 1-ви октомври! Вкупно 10 епизоди ќе ги освојат срцата на фановите пред телевизорот (или кој било уред поврзан на Интернет), со уникатна приказна која опфаќа драма, комедија, акција, мистерија и љубов.
Но, кој е Мејфер?
Макс Мејфер го живее „добриот живот“, води ноќен клуб во Лондон и се дружи со најгламурозните толпи во градот, сѐ така до доаѓањето на неговата непозната внука Барбара. За да се искомплицираат работите, негови поранешни соработници од мафијата; Мајк и Армен се појавуваат кај Макс бегајќи од Њујорк откако убиваат човек. Вмешан и во грабеж во Португалија, Макс добива опасен непријател кога Барбара го убедува да украде милиони од руската мафија. Единствениот начин да го заштити своето семејство сега се чини дека е прифаќањето на криминалните начини што се надеваше да ги остави зад себе.
Серијалот е во режија и копродукција на Филипе Мартинез, „експерт“ за акциони филмови и серии, кој има соработувано со холивудски легенди како Кристијан Бејл, Жан Клод Ван Дам, Стивен Сигал и многу други. Мартинез неодамна го режираше „My Dad’s Christmas Date“, исто така за SPI International. Еден од копродуцентите е Лони Фархи, претседател на SPI International. „Mister Mayfair“ е омаж, тоа е делот од Америка кој е многу фасцинантен – 60-тите години, и мислам дека некако заглавив во тој период во мојата глава. Концептот најпрво го предложив на Лони Фархи, мојот продуцентски партнер, и му реков дека сакам да направам серијал кој ќе има малку носталгија. Му кажав и дека сакам да направам нешто што е многу музичко“, изјави Филипе Мартинез.
Серијата е снимена во Португалија и Англија, што многу ги воодушеви фановите. Асанте и Бауер, кои долго време уживаат во восхитувањето на публиката, се здружуваат со Кен Давитијан, познат по неговите комични лудории во Борат и чија барана сестраност некогаш го навела да го игра Лучијано Павароти. Зборувајќи за неговиот лик одигран во серијата, Арманд Асанте вели „Тој е одлична комбинација на ликовите што ги гледате во 50-тите и 60-тите. Тој е професионален ограбувач на банки, тој е волшебник. И успехот кој го имал како мафијаш го наведува еден ден да каже, знаете што, доста! Проблемот е што никогаш не бегаш од таа историја…“.
Серијата ќе започне да се емитува на FilmBox+ на 1-ви октомври: првите епизоди ќе бидат емитувани во октомври, а последните 5 епизоди во ноември. FilmBox Premium ќе го емитува серијалот почнувајќи од декември 2022 година.
Дани | ТВ Пакет