Почетна / Сапуници / Многу емоции и поуки во психолошката драма „Невиност” на Сител
Од понеделник до петок на Дизи каналот со титл на македонски јазик

Многу емоции и поуки во психолошката драма „Невиност” на Сител

Базирана на вистинска приказна, “Невинoст” е психолошка драма, чии автори го следеа теркот на популарните “Истанбулската невеста” и “Мојот дом”. Серија со една поинаква тематика, серија со поинакви емоции и големи животни поуки.

Приказната го следи Хан, успешен бизнисмен кој живее заедно со неговиот татко Хикмет и неговите три сестри Сафијe, Ѓулбен и Нериман.

Хан го посветува целото свое време за семејството и нема свој приватен живот.

Неговиот татко боледува од дијабетес, неговата мала сестра Нериман боледува од астма додека неговите две големи сестри имаат психички проблеми.

Сафије и Ѓулбен се опседнати со хигиената во домот, дури четири пати го мијат зеленчукот со сапун и не пуштаат никого во кујната како не би внеле бактерии.

Нивната зависност од чистење ги прави животите на членовите на семејството тешки и мачни. Бидејќи сакаат да исчистат сè на совршен начин, трошат толку многу време дури и да подготват едноставно јадење.

Братот им приоѓа на своите сестри со многу внимателност и разбирање, не ги осудува и се труди максимално да им даде поддршка притоа правејќи жртва за сопствениот живот.
Но, една случајна средба со младата девојка Инџи го менува животот на Хан.

Опсесија и посесивност. Љубомора и интровертност. Проблеми со кои ќе мора да се соочат Хан и Инџи, проблеми кои се косат со здравиот разум и проблеми кои може да се решат само еднаш и засекогаш – со спротиставување кон двете чудни сестри.

А причината за чудното и лудо однесување на сестрите лежи во сенките од минатото, во траумите од тешкото детство кои им ја уништиле кревката невиност.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!