Со почеток на новата телевизиска сезона, пристигна и втора сезона од ТВ емисијата “Нешто конкретно” во нов амбиент, но секако со истиот домаќин – беспрекорната Снеже Велков и нејзините провокативни прашања од кои ќе бара само конкретен одговор.
Концептот останува ист, свежо подготвените сценарија се во рацете на Снеже, а мразот оваа сезона ќе го скршат Силви Бенд, актерот Гораст Цветковски, пејачката Андријана Петрушовска и Ирена Јакимова – тренет и ментор.
Искри летаат меѓу гостите поради различните мислења уште во првата емисија. Војна од спротивставени мислења на темата кој треба повеќе да допринесува во домот, мажот или жената, а главни борци Гораст и Силви!
Гледаме “Нешто конкретно” секоја недела во 17.30 часот на најдобрата Телма телевизија.
Дани | ТВ Пакет