Почетна / Филм / Филм од 1996-та со Камерон Дијаз и Кијану Ривс премиерно на МРТ

Филм од 1996-та со Камерон Дијаз и Кијану Ривс премиерно на МРТ

Поранешната стриптизета Фреди Клејтон (Камерон Дијаз) ќе се омажи со Сем (Винсент Д’Онофрио) за да го врати долгот на сопственикот на ноќниот клуб каде работи (Делрој Линдо). Кога Фреди го запознава Џејкс (Кијану Ривс), братот на Сем, тие веднаш се заљубуваат.

Џејкс и Фреди одлучуваат да избегаат заедно, на крајот да останат во мотел. Откако сфатиле дека немаат пари, Фреди и Џејкс решаваат да се вратат и да украдат дел од парите на Сем. Но, итриот Сем смислува опасен план со кој нема да ја дозволи кражбата, а воедно и ќе се одмазди на најсвиреп начин за тоа што му го направија.

Сабота, 14.октомври во 20.50 часот на Прва следете ја американската крими комедија “Feeling Minnesota”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детската авантура за „Робинсон Крусо“ во сабота наутро на МРТ 1

Англискиот производител на карти Робинсон Крусо и неговото милениче Ејредал Териер Ајнсли резервираа премин на …

error: Содржината е заштитена!