Во најновото издание на “Нешто конкретно” во недела во 17.30 часот на Телма, познатата ТВ водителка Снеже Велков ја отвора темата за тоа дали естетските операции даваат лажна самодоверба, а гостите ќе имаат темелни и детални одговори.
Така Зоки Фаци се согласи со погоре напишаното и потврди дека сега е ера на старлети кои се фалат со тоа што се, но и се натпреваруваат која повеќе ќе се искорегира, додавајќи и дека операциите им се платени од спонзори.
Поренешната Мисица, Викторија Јаначковиќ, надоплни дека се согласува со Зоки, тврдејки дека е невозможно млада девојка да има 5000 евра да ги даде туку така, а го постави и прашањето: -Што е тоа 5 минути усти пред неа одат? … , алудирајќи на трендот на претерано пумпање усти.
Пејачката Нина Јанева пак рече дека единствената естетска корекција која би ја направила би била таа за поткастрување на јазикот бидејки смета дека тоа е една маана која може да и направи проблем.
Др. Роберт Стојовски пак беше детален на темата па на прашањето заради кого ги прават корекциите, па одговори: Жените прават корекции заради себе а се облекуваат заради другите жени, додавајќи дека ни тој како маж, а ни другите мажи никогаш нема да забележат дали една жена два пати се појавила во ист фустан.
А на прашањето заради кого ги зголемуваат градите, eстетскиот хирург Др. Роберт Стојовски одговори: Факт е дека мажите се плашат од убави жени, па сопругот колку и да сака попрво би и рекол на сопругата да не става иако има реална потреба. Не за друго, туку да не му ја загледуваат други.
Во емисијата тема беше и како најчесто се лечат комплексите во земјава, а еден од одговорите беше: Кога се стапува на функција толку се крева носот што естетска операција воопшто не е потребна.
За да потврдат дека се без комплекси, сите во емисијата на барање од Снеже си залепија по ливче магдонос на заб за да се насмеат во камера и да потврдат дека убавината не е само естетски момент, туку има нешто и во душата.
Дани | ТВ Пакет