Почетна / Филм / Роберт Редфорд е „Кандидат” во политичката драма на МРТ од 1972-ра

Роберт Редфорд е „Кандидат” во политичката драма на МРТ од 1972-ра

Сценариото за филмот „Кандидат“ кој го напишал Џереми Ларнер е награден со Оскар, а на МРТ 1 ќе го гледате во петок, 21 октомври 2022 во 23 часот.

Во 1968 година Џереми му ги пишувал говорите на демократскиот сенатор МекКарти кој се кандидирал за претседател на Америка. Многу настани во филмот се вистински, особено лајт мотивот дека во Америка јавноста ја продава сликата за кандидатот, а не она што тој навистина претставува.

Во Калифорнија се одржуваат избори за Сенатот и мала е можноста дека демократскиот кандидат би можел да го победи искусниот рапубликански сенатор Џермон, кој со сигурност и големо искуство ја врши таа должност.

Лукас е стручен за избори и добива задача да пронајде таков демократски кандидат кој барем малку ќе ја разниша самодовербата на Џермон. Лукас го избира згодниот и среќно оженет правник Бил МекКеј( Роберт Редфорд), кој никогаш не се бавел со политика. Тој е демократ и како правник секогаш се ангажира во случаите, во кои може да биде на страната со чии либерални идеи се согласува. Бил отпочеток е неодлучен, но Лукас му ги објаснува „правилата на играта“ и.. кампањата започнува.

Филмот, во кој се појавуваат повеќемина вистински американски политичари и други славни личности, на сатиричен начин ги прикажува разните махинации и услови кои треба да ги поседува некоја личност за да стане политички кандидат во американскиот сенат.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!