Почетна / Филм / „Pink Floyd: The wall“, психолошки музички филм во петок на МРТ 1

„Pink Floyd: The wall“, психолошки музички филм во петок на МРТ 1

Филмот е инспириран од албумот „Ѕидот“ на групата Пинк Флојд и претставува приказна за пропаднатата рок-ѕвезда Пинк (Боб Гелдоф) кој се присетува на различни настани од својот чуден живот.

Мајка му настојувала да го заштити од било какви надворешни влијанија, неговиот учител тиранин го понижувал бидејќи пишувал песни, а имал и брак без љубов. Сите овие настани ќе допринесат Пинк да изгради ѕид околу себе за конечно да потоне во осаменост, лудило и халуцинации и да ѝ се препушти на својата музика.

Петок, 23.15 часот, првиот канал на МТВ – британски live action / анимиран музички психолошки филм.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!