Почетна / Сапуници / Запознајте го Мустафа од турската серија „Срцето ми остана во Егејот“

Запознајте го Мустафа од турската серија „Срцето ми остана во Егејот“

„Срцето ми остана во Егејот“ е турска романтична комедија од 2015-та година произведена од компанијата Limon Film. Алпер Салдиран, Оја Унусташи и Ерен Хаџисалиоглу се тројцата извонредни актери кои ги толкуваат главните ликови, Мустафа, Зелис и Јаман.
Серијата ја имаше својата премиера во нашата држава на 10-ти октомври, а импресиите за убавецот во главната улога, Алпер Салдиран, не стивнуваат. Кој всушност е Алпер?

Роден во Истанбул, на 16 септември 1984 година, Алпер Салдиран е турски актер кој на актерската сцена за првпат се појавил на 5-годишна возраст со претстави што ги играл во градинка; веднаш потоа се свртел кон фолклорот, особено кавкаските танци. За време на основното училиште, тој без прекин продолжил да се занимава и со театар и со танц. Своето средно образование го завршил во средното туристичко училиште, по што се запишал на Катедрата за туризам на Универзитетот Мармара.
Сепак, неговата љубов кон уметноста преовладала, па затоа го избрал актерството како професија на крајот од својата втора година од школувањето.

За време на универзитетските години, неговиот опус на театарски престави се зголемил. Од особена важност е неговата улога на Јусуф во драмата „Куќата на Фехим Паша“. За оваа улога ја добил наградата за најдобра споредна машка улога на Меѓуколегискиот театарски натпревар . Потоа се појави во својата прва телевизиска серија со улогата на Бурак во „Bir Dilim Aşk“.
По напуштањето на Универзитетот Мармара, Алпер се здобил со стипендија за Театар на Универзитетот Једитепе во 2005 година. Учествувал во претставата „Последниот свет“ во првата година. Истата година, бил дел и од Египетскиот театарски фестивал кој ја опфаќа Европа и медитеранските земји.

Во текот на студиите на Универзитетот Једитепе, Алпер ја продолжува својата телевизиска кариера во ТВ сериите „Kara İnci“ и „Derman“. Потоа, бил дел од повеќе реклами на Водафон и серијата „Angeller Bless“. Во истиот период ја игра улогата на Ханим во театарската претстава „Hizmetçiler“.
По дипломирањето, Алпер Салдиран продолжил да глуми во ТВ серии и филмови. Својата прва важна улога на малите екрани ја добил во 2010-та година, по што набргу започнал да се појавува во сѐ повеќе главни улоги. Нашата публика го препознава како Мустафа од новата хит-серија на Dizi, „Срцето ми остана во Егејот“.

Во серијата која ја имаше својата премиера на 10-ти октомври, приказната започнува откако баба Ираз ќе испрати писмо до Зелис и Мустафа, кои живеат во Истанбул, и ги поканува кај неа. Баба Ираз вели дека има уште 2 месеци живот и дека сака двајцата да се венчаат, а доколку бракот продолжи, тие ќе ја наследат нејзината нива вредна 40 милиони турски лири. Но, бидејќи Мустафа и Зелис се двајца луѓе со комплетно спротивен начин на живеење, тие првично одбиваат да се венчаат.

Но, сепак со 40 милиони турски лири кои им се смешкаат од блиската иднина, Зелис и Мустафа одлучуваат да се венчаат за да го добијат наследството. Тие прават краткорочен брачен план и организираат свадбена прослава. Меѓутоа, Зелис и Мустафа, кои набргу дознаваат дека баба Ираз всушност нема 2 месеци живот, туку е сосема здрава, мораат да останат во брак по што започнува вистинската авантура во серијата.

Дали Зарис и Мустафа ќе успеат да го добијат посакуваното наследство, откријте во епизодите од „Срцето ми остана во Егејот“ кои се емитуваат секој ден од 21:25 на каналот Dizi.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!