Откако „Ранетиот орел“ ги маѓепса македонските гледачи, Сител телевизија ги откупи телевизиските права и за „Гревот на нејзината мајка“. Приказната го прати животот на една девојка која многу млада останува без своите татко и мајка. Оставена сама, таа ја започнува борбата за место во општеството, обидувајќи се да разбере што е тоа што нејзината мајка некогаш го направила и поради кое сега таа го плаќа нејзиниот „грев“.
Aкo „Ранетиот орел“ е најпознатото дело на Мир Јам, тогаш „Гревот на нејзината мајка“ на некој начин е најинтригантното дело за ТВ адаптација. Серијата на Сител започнува овој викенд. Во прилог се трите најави што неделава имавте можност да ги видите на фреквенцијата.
Крис Манев | ТВ Пакет