Почетна / Филм / Фантазија и романса во белгиска драма во недела на Телма

Фантазија и романса во белгиска драма во недела на Телма

📅 недела, 6 ноември
⏰ 22:15 – Мојот ангел

Уништена од тага по мистериозното исчезнување на нејзиниот љубовник – магионичар, Луиз е испратена во психијатриска клиника. Девет месеци подоцна, таа го роди Ангел, машко бебе со неверојатна дарба: тој е невидлив. За да го заштити од суровоста на надворешниот свет, неговата мајка го крие неговото постоење.

Ангел расте како сосема нормално дете, додека не ја запознае Медлин, слепо девојче на негова возраст, кое живее во близина. Тие брзо стануваат неразделни, а Медлин сè уште не е свесна за невидливоста на Ангел. Сè додека еден ден Медлин не објави нешто што ќе ги преврти нивните животи: таа ќе си го врати видот.

 Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!