Во еден здив, Марија Грација му соопшти на својот брат дека газдата сака да разговара со него.
– Што сака?, – праша Енцо, криејки го писмото од Естер под чаршавот.
– Не знам, но те молам биди внимателен. Не заборавај дека тој што наредува овде е дон Фаусто.
Одмазда – љубов и смртна казна
Продолжение 18 – „Енцо одлучува да остане“
Во еден здив, Марија Грација му соопшти на својот брат дека газдата сака да разговара со него.
– Што сака?, – праша Енцо, криејки го писмото од Естер под чаршавот.
– Не знам, но те молам биди внимателен. Не заборавај дека тој што наредува овде е дон Фаусто.
Додека Моналиса беше задолжена да внимава на Елиса таа вечер, седеше на клацкалката покрај креветот, додека свеќата догоруваше на масичката. Очите на Моналиса беа на половина копје, но некако се држеше да не заспие.
– Енцо, – прошепоте Елиса во своите мисли.
– Рековте нешто, госпоѓице?, – праша Моналиса, приоѓајки до креветот.
– Не…, – отсутно одговори Елиса. – Ти се причинило.
Кога Моналиса се врати на клацкалката, Елиса одново потона во својата имагинарна фантазија. Ги чуствуваше врелите усни на Енцо на својата уста. Иако не беше вистински бакнеж, сепак беше допир на нивните тела. Да беше планирано да ја најде, немаше да излезе така совршено, помисли.
Естер го посети својот сопруг во неговата библиотека која ја користеше за работа, барајки од него да престане да ја обвинува за стореното.
– Твојата единствена задача во оваа куќа, Естер, е да вимаваш на твоите деца и да знаеш каде се. Но, изгледа дека главата ти е полна со апсурдни мисли кои те одалечуваат од своите должности.
Нивната дискусија беше прекината со појавата на Енцо во библиотеката.
– Извинете, газда, сте сакале да ме видите.
Самиот звук на неговиот глас, предизвика возбуда во утробата на Естер. Се заврте кон него и благо му се насмевна. Се прашуваше дали до сега го прочитал нејзиното писмо. Но, неговиот мирен израз не и одаваше никаква тајна.
– Да, те барав во врска со Елиса, Енцо, – рече Фаусто и од фиоката извади избројана сума на пари. – Овие се за тебе, – додаде, спуштајки ги парите на бирото, пред очите на италијанецот.
– Простете, но не би можел да ги прифатам.
– Јас не и помогнав на младата дама за овие пари. Тоа се коси со моите принципи.
Естер погледна во италијанецот. Немаше сомнеж дека тој маж со висока и цврста става и со златна коса, како последните краци на сонцето е нејзиниот херој.
– Како сакаш, – рече Фаусто и ги повлече понудените пари.
– Дон Фаусто, смеам ли да ја искористам оваа прилика и да зборуваме за нешто друго?
– Повели.
– Сакав да Ви кажам дека ја прифаќам Вашата понуда. Решив да останам на Темпестад.
Немаше поубава вест за Естер од остаувањето на Енцо на хациендата. Ја спушти главата кон подот, плашејки се дека некјзиниот крик на задоволство може да биде забележан.
Истата вечер, покрај својот кревет во собата, со молитвеник и библија во рака, Анибал се молеше на Бога, заблагодарувајки му за спасениот живот на неговата сестра. Во таква положба го затекна неговата тетка Лукреција, која без најава влезе во собата.
– Лукреција, – крикна младото момче, кога најпосле почуствува нечие присуство зад себе и ја заврте главата.
– Дојодв да прашам како е сестра ти? Не сакав да и прeчам, бидејки видов дека светлото е изгасено во нејзината соба.
– Разбрав дека е подобро…
– Сигурно тоа те смири.
– Секако.
– Анибал…, – настана промена во нејзиниот глас. Од загрижена тетка, во кокета дама. – Како може еден маж да биде поубав секој ден?
– Не, не, не ми зборувајте така, Лукреција, – Анибал се бранеше како од ѓаволот. – Што сакате од мене?
– Зошто ме прашуваш?, – го праша, минувајки со своите долги прсти по кожата на неговиот брат.
– Бидејки инсистиравте да ја убрзам венчавката со Алисиња, а сега се однесувате вака.
– Реагирам водена од моите хормони…Ти си неодолив, Анибал.
– Не, не, не…Достa ве молам, престанете, – неговиот глас трепереше.
– Зошто? Не ти се допаѓа кога жена како мене е близу до тебе?
– Но, јас сум верен со Вашата ќерка, Лукреција.
– Тоа не те прави забранет за мене,- додаде таа, раскопчувајки ја неговата кошула.
– Не знам што има во вас, Лукреција, што ме тера да го правам ова, – во занес рече тој, ја повлече својатат тетка за половината, ги прицврсти нејзините гради до своите и почна да ја љуби страсно, диво, практично животински и без милост, никој од нив не беше ни свесен дека некој ги набљудува зад полуотворената врата.
Љубопитното око на Рикардо, беше и повеќе од задоволно.
Новиот ден сеуште не беше ни целосно роден, одвај маглата се издигаше над ливадите и садниците, кога Анибал веќе беше подготвен за новиот ден. Ја дочешлуваше косата пред огледалото, кога неговиот помлад брат Рикардо се оптегна низ креветот.
– Очекував дека ќе станеш толку рано, – рече шегобијно.
– Зошто?
– Сигурен сум дека ќе одиш во капелата да ги испереш гревовите.
– Не сум расположен за твоите несолени шеги уште рано наутро, Рикардо. Извини ме.
– Сношти видов се.
Ваквите зборови го натераа Анибал да застане, иако беше реше да ја напушти собата.
– Видов како страсно се бакнуваш со нашата тетка, твојата идна баба.
Во понеделник ќе читате…
Јовица Крстевски | ТВ Пакет