Современиот македонски политиколог, дипломат и професор д-р Васко Шутаров минатата седмица објави нова збирка колумни и есеи со наслов „Кога татковината станува чедо, а вистината-борба!“ кај издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје.
Рецензентот и промотор на ова издание, Елка Јачева Улчар, препорачувајќи ги колумните на Шутаров, во предговорот кон оваа книга истакна дека за неа „најважна и обединувачка нишка со Васко е патриотизмот, оној што таа го нарекува здрав патриотизам, фундиран на: знаењето и сакањето на својата култура, историја, јазик, од една страна, но и врз самопочитта која ако ја немаш, не може да продуцира почит спрема другиот; […] оној патриотизам што најдобро го имаше дефинирано Кенеди пред повеќе од шест децении: не прашувај што ќе ти даде тебе Татковината, пред да се прашаш што ќе ѝ дадеш ти на Татковината!
“Колумните и есеите на Васко,“ вели Јачева Улчар, иако пишувани за актуелни проблеми, имаат во себе една поучна димензија искажана на негов препознатлив начин, која сигурно ќе допре до читателската македонска публика. И ќе бидат, сигурно, интелектуална чашка пијалак која вистински ќе ни треба во ова наше македонско време-невреме!
Книгата е делумно спонзорирана од Општина Гевгелија и ќе може да се купи во книжарниците „Или-Или“, „Култура“ и „Антолог“ во центарот на Скопје и на порталот kupikniga.mk.
Дани | ТВ Пакет