Почетна / Сапуници / Кабловскиот Dizi канал со премиерна турска серија „Љубов и гордост“

Кабловскиот Dizi канал со премиерна турска серија „Љубов и гордост“

“Љубов и гордост” е кратка турска серија која овој ноември ќе се емитува премиерно на Дизи каналот во 16.40 часот, со реприза следниот ден во 9 часот и во 15 часот. Во продолжение ве запознаваме со содржината на серијата.

Зејнеп e едно од петте деца на семејството Есен кои живеат во една од најстарите населби во градот Истанбул. Младата девојка ќе мора да избере меѓу двајца мажи, меѓу два света и две љубови. Од една страна е Мурат кој е вљубен во Зејнеп уште од детството, а од друга страна е Кенан кој е наследник на едно од најмоќните и најбогатите семејства во Истанбул.

Мурат ја бара раката на Зејнеп, но нејзиното срце е веќе магепсано од привлечноста на Кенан. Таа не чувствува ништо кон Мурат, но традицијата вели нешто сосема друго.

Меѓу Кенан и Мурат се раѓа големо непријателство, па така двајцата мажи ќе мора да се борат за љубовта на Зејнеп, која на крајот ќе треба да избере меѓу љубовта и честа, љубовта и гордоста.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!