22-годишниот Македонец, Никола Настески познат како Лестер, и годинава на Балканот ќе биде популарен во шоуто на Големиот брат. Имено, во бугарската верзија на реалното шоу наречена „Big Brother All Stars“ се појави и нашиот Лестер. Од последното учество во шоуто нема некои поголеми промени во животот на згодниот Македонец. Тој и понатаму студира на Факултетот за туризам, а и сака да пее. За тоа зошто избрал повторно да влезе во куќата на Големиот брат, Лестер открива: „Ова за мене е голем предизвик, куќата ми го подигнува адреналинот. Се надевам дека станарите ќе ме запознаат како весела личност, затоа што јас всушност сум таков“, открива тој.

Ивана Таневска | ТВ Пакет