Авалон Продукција ви го претставува својот предновогодишен, последен проект за 2022 година кој за нас претставува можеби и најважен кога е Македонија во прашање. Тоа е проектот ,,Песни за љубов и копнеж” од Каролина, Дуке и Исмаил, кој во пакет претставува студиски албум и концертна промоција на истиот која ќе се одржи на 23ти декември во Македонската филхармонија.
Македонската публика ќе има навистина ретка можност во живо да слушне песни кои имаат есенцијална вредност, изведени од тројца врвни уметници кои добар дел од својата днк ја вложија во создавањето на овој проект.
Албумот ,,Песни за љубов и копнеж” е сочинет од 11 од најубавите, подзаборавени македонски композиции од втората половина на 20иот век – златната ера на македонската забавна музика, потпишани од некои од некои нашите најмаркантни автори: Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…
После бројни настапи и соработки на Каролина, Дуке и Исмаил, идејата за овој албум се роди во 2016та година, по што внимателно се работеше на неговиот концепт, бирање на композициите и создавање нови аранжмани, со фокус на тоа да им се даде “нов живот” на некои од најубавите песни на домашната забавна музика.
После скоро две години од неговото завршување, Каролина и нејзиниот беспрекорен вокал, Дуке и неговата уметничка и аранажманска генијалост и импровизациката моќ на Исмаил за прв пат ќе го претстават проектот ,,Песни за љубов и копнеж” на ексклузивна концертна промоција во Македонската филхармонија.
Со секоја купена влезница ќе следува физичко издание од албумот, додека албумот ќе биде достапен на сите дигитални платформи на 24ти декември.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 9ти ноември (среда) од 9 часот наутро онлајн на аvalon.mk и во сите продажни места на Авалон по цена од 1.200 денари.
Да ја завршиме оваа година со уживање, копнеж и љубов.
Дани | ТВ Пакет