Дејвид Бореаназ веќе пет години ги забавува телевизиските обожаватели како Џејсон Хејс ака Браво 1 во хит драмата “SEAL Team”.
Но, ѕвездата на серијата “Тим специјалци” пред десетина година бил деел од еден скандал со што се нашол на насловните страници кога било откриени дека имал вонбрачна врска. Сепак, Дејвид и неговата сопруга Хаиме Бергман се уште се заедно повеќе од една деценија подоцна.
Во 2010 година, кога Дејвид глумел во “Bones”, тој признал дека и бил неверен на Џејми, која е негова втора сопруга. Се појавиле фотографии дека љубовницата е Рејчел Учител, менаџерка на ноќен клуб, која исто така била вмешана во скандалот со изневерувањето на Тајгер Вудс.
Меѓутоа уте тогаш, Дејвид тврдел дека аферата на крајот ги зближила него и неговата сопруга. Не долго откако Дејвид бил принуден пред медиумите да го признае своето неверство, парот влезе во брачно советување за да ги реши нивните проблеми.
Самата Џејми уште тогаш рече дека сака да се обиде да ја поправи нивната врска, но призна дека е „сè уште лута“ и „сè уште повредена“.
„Потребна беше криза, потребно беше неверство за да нè тргне од колосен и да работиме за она што го сакаме“, изјави таа за People. „Ние правиме најдобро што можеме. Тоа е сè што можеме да направиме.“
Двојката се венча во ноември 2001 година, само девет месеци откако се запознаа за време на забавата на Денот на вљубените во вилата на Плејбој, каде Џејми беше еден од моделите на Плејбој.
Децата на парот, Џејден и Бела, сега имаат 20 и 13 години.
Дани | ТВ Пакет