Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (19-то продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (19-то продолжение)

Анибал не беше единствениот кој беше рано станат тоа утро. И Естер го пиеше своето мате во собата на Елиса, откако ја испрати Марија Грација да го доведе Енцо.
– Сте ме барале, госпоѓо.
– Да. Мојата ќерка сака да разговара со тебе, – одговори Естер, отворајки ја вратата од собата.
Елиса лежеше на креветот, додека сонцето ја осветлуваше нејзината костенлива коса, преку отворените прозорци. Енцо ја забележа како го отпоздравува со насмевка па и тој развлече насмевка на своето лице.

 

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 19 – „Грешни души“

 

Анибал не беше единствениот кој беше рано станат тоа утро. И Естер го пиеше своето мате во собата на Елиса, откако ја испрати Марија Грација да го доведе Енцо.
– Сте ме барале, госпоѓо.
– Да. Мојата ќерка сака да разговара со тебе, – одговори Естер, отворајки ја вратата од собата.
Елиса лежеше на креветот, додека сонцето ја осветлуваше нејзината костенлива коса, преку отворените прозорци. Енцо ја забележа како го отпоздравува со насмевка па и тој развлече насмевка на своето лице.
– Енцо, ќе Ви бидам вечно должна за она што сношти го сторивте за мене.
– Не, нема потреба да се чуствувате должна, госпоѓице. Ме радува што се најдов на тоа место за да ви помогнам.
– Татко не требаше да се сомнева во Вас.
– Се согласувам, – кратко рече Енцо.
– Вие сте одговорна и искрена личност. Секој може да го види тоа во Вашите очи. Затоа сакам да Ви подарам нешто, – додаде девојката и посегна по својата кутија за накит на ноќната масичка, од која што извлече ланче во бело злато.
– За Вас.
– Нема потреба, госпоѓице Елиса, Ви благодарам.
– Сакам да го имате ова парче од мене, како симбол на благодарност. За мене овој накит има големо значење, бидејки ми го подари нона Рикарда кога бев малечка.
– Во ред, – на крајот се согласи Енцо. Не можеше да одбие кога виде дека девојката инсистира. Пријде до креветот по подаденото ланче, го зеде истото од рацете на Елиса, кога таа нагло му ја задржа раката и го притисна, како да сакаше да му испрати сигнал дека му верува.
Сјајот во нејзините очи при тој контакт на двете тела го забележа и самиот Енцо, дури и нејзината мајка Естер.
– Ме радува што утрово Ве гледам добро, госпоѓице, – на крајот додаде Енцо пред да успее да ја извлече својата рака. – Имајте уба ден, госпоѓице Елиса. Пријатен ден, госпоѓо, – се поклони пред Естер и ја напушти собата.

Анибал пребледе и се препоти во дел од секунда. Пред него стоеше неговиот помал брат, како сведок на гревот кој мислеше дека засекогаш ќе остане само во неговата глава.
– Грешиш, Рикардо, јас…Јас не би можел да сторам нешто такво, помалце со мајката на мојата идна сопруга.
– Но, го стори тоа, брате и нема потреба да негираш. Не грижи се, твојата тајна е безбедна кај мене.
Анибал почуствува како да го губи здивот. Почна да се закашлува и седна на креветот, одвај можејки да дојде до воздух.
– Смири се, брате, смири се.
– Рикардо, мораш да ми ветиш дека за ова никој нема да дознае…Ако дознае татко…
– Смири се, Анибал. Сосема разбирам зошто те интересира токму таа жена. Таа не е жена, таа е божица.
– Не зборувај така, брате, не знаеш колку се каам што потклекнав на искушението…Бев слаб и…заслужувам најлоша казна.
– Не биди патетичен, Анибал. Најдоброто нешто на овој свет се жените. Ти си млад и потентен маж, имаш право да уживаш колку ти се сака. Освен тоа, Лукреција сеуште официјално не е ни твоја баба.
– Те молам, те молам не зборувај така, Рикардо, јас сум грешник, Сатаната ме искушува и јас паднав на неговиот тест…Не знам што да правам, брате.
– Анибал, те молам не се претварај во нашиот татко.
– Јас учев веронаука со години, јас…Морам да се исповедам, да побарам прошка од Бога, и да постам ако треба, четириесет дена само на леб и вода, само да ја тргнам сенката на овој смртен грев од моето тело и мојата душа. Морам да почна во овој час, – додаде и истрча од собата како да беше прогонет од некоја виша сила.

Естер слезе во кујната по појадокот за нејзината ќерка, кога Моналиса погледна околу себе, да провери дали нема некој натрапник, па посегна во џебот на кецелата и извади писмо за својата господарка. Зелените очи на Естер светнаа како два смарагда на сончева светлина, кога го зеде писмото од рацете на малата слугинка и го принесе до градите. И се заблагодари од срце на девојката, која ликуваше од среќа, па го зеде послужавникот со храна и се врати назад во куќата.

Во писмото, Енцо бараше од својата господарка да се најдат тајно во визбата каде што ретко кој доаѓаше, онаму каде што со децении се чуваше наубавото црвено вино во регионот.
Тој се насмевна кога ја здогледа. Беше толку убава, најубавата жена која некогаш ја видел, косата и беше пуштена преку рамениците, кадрава и црна, доаѓаше во контраст со нејзиниот бел тен.
– Енцо, – го прошепоте неговото име како во сон.
– Естер…Го прочитав твоето писмо и многу ми е мило што ги гаиме истите емоции.
Таа се насмевна. Се чсутвуваше како средношколка, во моментот пред првиот бакнеж.
– Затоа реши да останеш?, – го праша.
– Да. Не сакам да се разделам од тебе и сакам да те гледам секогаш вака насмеана, – рече нежно и со својата рака го помилува нејзиното лице кое руменееше.
Таа со своето рамо ја задржа неговата рака на својата кожа. Сакаше засекогаш да останат така, засекогаш да ја чуствува неговата топлина, да ги гледа тие сини очи.
– Се плашам, – му призна во следниот момент.
– Нема зошто да се плашиш. Сега јас сум покрај тебе.
– Не сакам да ја повредам мојата фамилија, моите деца…Никогаш не би ми простиле.
– Можеби во овој момент е најдобро да бидеш покрај твојата ќерка. Потребна си и повеќе од било кога.
– Да, знам, – рече таа и направи чекор кон скалите кои водеа кон излезот, но тој ја задржа. Ја зеде нејзината рака и ја спречи во намерата да си оди. Не сакаше да ја пушти пред да ја бакне. Ја зеде о својата прегратка и страсно ги побара нејзините бакнежи. Можеше да ја љуби со часови, без престан, без воздух…
Уживаа во говорот на нивните тела кога Марија Грација, пратена по ликерот за колачот кој го правеше, слезе во визбата и ги затекна двајцата љубовници, несвесни за нејзиното присуство.
Ја стави својата рака преку устата за да не испушти крик.
Тој. Нејзиниот постар брат и таа. Жената на Господарот на хациендата. Заедно.

Капелата која беше дел од имотот на Кастењон, беше камено здание изградено со високи ѕидини по кои растеше дива роза – ползавец, каде што често се криеа чучулигите и ја пееа својата песна. Ова беше прв пат како што Лукреција имаше дојдено на тоа место. Откако нејзиниот внук Рикардо и кажа дека може да го најде Анибал во капелата, ги отвори портите на Божјиот дом и почуствува студенило. Вздухот мирисаше на темјан и восок, па не можеше а да не се запраша зошто некои луѓе посетуваат такви места.
Рикардо ја немаше прелажано. Анибал клечеше пред олтарот, молејки се во себе, со затворени очи.
– Здраво, – му дошепна од зад грб. Младичот изрипа на нозе откако го слушна заводливиот глас на својата тетка.
– Лукреција, од каде ти овде?
– Те барав на хациедната и Рикардо ми кажа дека можам да те најдам тука.
– Лукреција, те молам, сакам да ставиме крај на ова меѓу нас. Јас сум збунет и ова што го правиме не е добро за никој од нас.
– Зошто зборуваш така? Јас сум се што тебе ти е потребно, – рече таа, прегризувајки ја својата долна уста, сочна и сезнуална, обоена во цреша боја. – Сигурна сум дека ова не можеш да го одбиеш, – додаде и со еден потег го соблече фустанот кој го носеше на себе.
Стоеше пред младиот грешник и пред Распетието на Бога облечена во провокативна долна облека. Анибал ги прекри своите очи бидејки не сакаше да навлезе во поголем грев.
– Лукреција, Лукреција, те молам облечи се, до Бога, ова е Свето место.
– Господ самиот го создал гревот. Зарем не ја знаеш приказната со забранетото овошје?
– Лукреција, – дишеше забрзано, изговарајки го нејзиното име.
Таа приоѓаше до него, полека, чекор зад чекор. Тој чекореше наназад, како да сакаше да побегне од искушението. Од страстта која не можеше да ја совлада.
Таа го повлече за неговата јака и го пречека неговиот јазик со отворена уста. Капелата осветлена со стотици свеќи за неа беше ново искуство. Околу нив десетици икони кои претставуваа Мачеништво. На олтарот, Христос со тажни очи, вечно прикован за крстот лееше крвави солзи.
– Лукреција, Лукреција не можам да го правам тоа овде, не пред очите на сите Светци.
Таа лукаво погледна околу себе и покажа кон исповедницата. Мал, интимен дел, опколен со дрва, далеку од сите љубопитни погледи на светците. Во таа исповедница, Анибал за прв пат ги искуши благодетите да се биде маж.

Марија Грација не можеше да престане да мисли на она што предмалку го виде во визбата. Сиот свој насобран гнев го удираше во месото кое требаше да го спреми за ручек. Замаваш толку силно што целата маса се помрднуваше од секој удар.
Кога Енцо влезе во кујната, изрипа од масата како дива ѕверка, забивајки го ножот за месо во дрвото.
– Дали си полудел, Енцо?
– Каде гори, Марија Грација?
– Не се прави луд. Штотуку те видов како се љубиш со госпоѓа Естер!

Продолжува во среда…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!