Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (20-то продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (20-то продолжение)

Очите на Марија Грација светкаа како очи на рис подготвен да ја нападне својата жртва, откако нејзиниот брат влезе во кујната.
– Дали си полудел, Енцо?
– Каде гори, Марија Грација?
– Не се прави луд. Штотуку те видов како се љубиш со госпоѓа Естер! Зошто си ја бараш бељата, Енцо? Сакаш безмислосно да те убијат?!
– Смири се, жено…
– Нема да се смирам додека не ме сослушаш. Те молам, те проколнувам во најсветото што го имаш, во сеќавањето на нашата мајка; заборави на таа жена пред да биде предоцна!

 

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 20 – „Кадешто има начин“

 

Очите на Марија Грација светкаа како очи на рис подготвен да ја нападне својата жртва, откако нејзиниот брат влезе во кујната.
– Дали си полудел, Енцо?
– Каде гори, Марија Грација?
– Не се прави луд. Штотуку те видов како се љубиш со госпоѓа Естер! Зошто си ја бараш бељата, Енцо? Сакаш безмислосно да те убијат?!
– Смири се, жено…
– Нема да се смирам додека не ме сослушаш. Те молам, те проколнувам во најсветото што го имаш, во сеќавањето на нашата мајка; заборави на таа жена пред да биде предоцна!

По појадокот, Фасуто го побара својот помлад син во работната библиотека каде што му ги покажа тапиите кои старата Тили му ги имаше оставено на својот син Енцо.
Рикардо убаво го прочита документот, бидејки имаше познавање во правните науки, додека Фаусто шеташе низ просторијата, чадејки од пурата.
– Што ќе ми кажеш, Рикардо? Имаат ли вредност тие тапии?
– За жал, имаат татко.
– Добро, како можел никој да не ми каже ништо за ова? Мојот татко, твојот дедо Ињаки, туку така и ја оставил таа земја на нана Тили!
– Мене ме чуди зошто дури сега излегле на јавност овие тапии, бидејки според датумот, овој документ е заверен пред многу време.
– Изгледа дека нана Тили ги чувала тапиите како тајна долго време, но не разбирам зошто?
– Она што е важно дека тој што ги поседува овие тапии е легитимен господар на тоа парче земја!
Ваквиот коментар воопшто не му се допадна на Фаусто. Ги грабна тапиите од раката на својот син и извика;
– Невозможно!
– И што намераваш да направиш?
– Ти си скоро па дипломиран правник, Рикардо! Што можеш да направиш во оваа состојба? Можеш ли да го поништиш тој документ?
– Секако дека можам, татко. Но, за тоа ќе ми требаат пари.
– Колку ти требаат за да го саботираш овој документ?, – Фасуто го праша својот син. Вакавата вест беше прв знак надеж. – Бидејки јас не ја делам мојата земја со никого!

Срамежливата и црвена месечина ја покажуваше својата прва светлост на едната страна на небото, додека сонцето полека заоѓаше на другата. Славејот ја пееше својата песна на храстот, додека штурците го пратеа во хор преку мочуриштето. Во далечината, надзорникот ја собираше стоката која пасеше распространета на ливадата.
Фаусто имаше долг ден. По разговорот со својот син тоа претпладне, не можеше да престане да мисли и да бара наачин како да ги оспори документите на старата италијанка. Побара од Марија Грација да ја наполни кадата со вода, па ги слече испотените алишта, легна во кадата и ги затвори очите. Но не остана сам долго време. Почуствува нежна, женска рака како го милува по рамениците и вратот. Ја зграпи инстинктно, како да лови комарци. По деликатноста на дланката, знаеше дека е Антониета, уште пред да го види нејзиното лице.
– Што сакаш?, – ја праша грубо.
Таа молчеше. Клекна покрај кадата, гледајки го директно во очи.
– Дојде бидејки имаш потреба од мене? Сакаш да те допирам? Да те бакнувам?
– Она што најмногу го сакам, – одговори таа.
Тој стана од кадата, мавтајки го својот пенис пред лицето на домарката. Таа ги затвори очите со своите раце. Никогаш немаше видено нешто такво.
– Подај ми го пешкирот!, – и нареди.
Беше збунета. Не знаеше каде да погледне. Тој стоеше на плочките, гол, додека капките вода се лизгаа од неговото тело.
– Антониета, дали ме слушаш?
Таа посегна по пешкирот кој и беше при раце и му го подаде како што беше побарано од неа. Тој ја зеде нејзината рака и ја повлече кон себе. Ја наводени нејзината кошула со своето водено тело. Ја гледаше во очи, тие црни, мистични очи кои криеа многу тајни. Беше убава жена, помисли, па истото и гласно го рече.
– Никој не ми кажал дека сум убава, – несигурно рече таа.
Телата им беа толку близу, што таа го чуствуваше неговиот врел здив на својот врат. Стоеше така пред него, како робинка подготвена на се, со подотворена уста, чекајки да ја бакне. Но, наместо тоа, тој само рече;
– Ти си убава жена, но си роднина на мојата сопруга. Практично си дел од фамилијата. А јас никогаш не допирам жена од фамилијата.
Таа го спушти погледот. Се чуствуваше посрамено и одбиено. Во еден момент можеше да биде најсреќната жена на светот, а веќе во другиот беше на дното, повторно беше крпа со која другите го бришат подот. Го заврте грбот и без збор, онака и како што влезе, ја напушти бањата.

Кога ноќта падна, Енцо доби неочекувана покана од својот газда, дон Фасуто да одат на јавање заедно со него и неговите синови.
Естер и Лукреција седеа во собата на девојките. Лукреција гледаше преку прозорецот директно во шталата, споделувајки ги своите мисли со својата роднина, нејзината ќерка Алис и својата внука Елиса.
– Чудно е што решија да јаваат во оваа доба. Каде ли ќе одат?
– Ајде мамо, те молам не биди наивна, – рече Алис, прозевајки се. – Сигурно ќе одат во селото во борделот на онаа жена.
– И што велиш ти за тоа, Естер?, – Лукреција ја праша својата роднина.
– Што можам јас да мислам? Тоа е одлука на Фаусто.
– Жено, те молам, како можеш да трпиш нешто такво?
– Биди потивка, мајко, на Елиса и треба одмор, – Алис ја прекори бучната Лукреција.
– Зарем не си загрижена, Алис? Се работи за твојот иден сопруг!
– Сигурна сум дека кога ќе се ожени со мене, ќе заборави на оваа навика, – иронично одговори Алис, протегнувајки се низ креветот.
– Изгледа дека се спрема нешто големо. Го носат и Енцо, – додаде Лукреција, продолжувајки да ги шпиунира мажите преку прозорецот.
– Енцо?, – повтори Естер. Ваквите зборови навистина ја изненадија и ја допреа.
Елиса ја забележа реакцијата на својата мајка. Никој друг не можеше да се посомнева, но таа знаеше.
– Зошто да не?, – праша Алис. – Тие се мажи и како такви имаат право да прават се што сакаат.
Естер не одговори ништо. Остана нема до крајот на вечерта, кога се повлече во својата соба со изговор дека ја фатило дремка. Седеше до доцна на каучот, гледајки низ прозорецот, прашувајки се каде е Енцо, што ли прави во тој момент?

Продолжува во петок…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!