Како што ги критикувавме ТВ 24 (пред тоа и Телма) по што експресно реагираа и си ја поправија аномалијата, време е истиот проблем да го посочиме и кај Сител телевизија. Имено, програмскиот водич на веб страната често знае да прикаже стари, неточни информации за содржините кои се емитуваат тековниот ден или ден, два потоа.
Па така, за овој викенд 18-19-20 ноември, вметната е програмска шема од октомври. Јасно да се заборави и утне програмска шема од една седмица, ама да се прикажат стари иземитувани серии ?
Серијата “Марија и Мустафа” повеќе од месец дена е завршена, а “Нов живот” пред две седмици.
Дани | ТВ Пакет