„Растењето не значи ништо за една мајка. Детето си е дете. Тоа станува поголемо, постаро, но да порасне? Што треба тоа да значи? Во моето срце тоа не значи ништо.“ – Тони Морисон
„Открив дека кога гледаш во твојата мајка, всушност гледаш во најчистата љубов којашто некогаш ќе ја имаш.“ – Мич Албом
„Бог не може да биде насекаде, па затоа ги создал мајките.“ – Дејвид К. Грос
Нова играна серија на Сител телевизија која во центарот на случувањата има приказна за една мајка. Мајка чија борба за своите деца овојпат ќе биде уште посилна и уште пожестока.
Мајка која може да го замени местото на секој, но чие место никој друг не може да го земе. Мајка, која во име на своите две деца ќе реши да се жртвува и бори, да плаче и да се смее, да бега и да се крие.
Мајка која онаму каде најмалку очекуваше, ќе го сретне таткото на своите деца. Мајка во нова и уште повозбудлива игра на судбината.
Бидете така, затоа што се враќа познатиот актер од “Дива” и “Луда куќа”. Следува нова вечерна драма која и овојпат ќе ве натера во тој термин да бидете со Сител.
Дани | ТВ Пакет