Песоците на Мајами е американска теленовела која пред многу години се емитуваше на А1 во 20 часот и постигна огромен успех, заменувајќи ја најгледаната мексиканска серија кај нас, “Право на љубов”.
Ова е прва теленовела снимена во Мајами од англиско говорно подрачје која беше откупена во Европа и Африка.
Серијата зборува за Лора, млада докторка која се вљуби во докторот Мајкл Рајли, кој потекнува од богата фамилија. Но нивната среќа беше попречена од Стивен и Сандра. Стивен е братот на Мајкл, исто така доктор кој е вљубен во Лора и се занимаваше со нелегални бизниси.
Сандра е атрактивна и злобна, сплеткарка која е во врска со Мајкл па поради тоа ќе застане меѓу него и Лора. По низа ситуации, Лора реши да се венча со Стивен и од тогаш започна нејзиниот пеколен брак.
Таа не можеше да ја заборави љубовта кон Мајкл, а пак нејзиниот злобен сопруг Стивен ја изневеруваше со Сандра, која остана бремена од него. Љубовни заплети меѓу овие четири лика и многу сплетки, семејни тајни и мафијашки игри беа дел од оваа серија.
Дани | ТВ Пакет