Eдукативното еколошко телевизиско шоу, „Агенда 21“ се враќа на малите екрани со нова, втора сезона.
Ако првата се прикажуваше на Телма, втората ќе оди на ТВ 24 и тоа секоја сабота во 20.45 часот, а репризите ќе бидат во недела од 15:15 часот и понеделник од 23:20 часот.
Веќе проверената екипа предводена од актерите Игор Џамбазов и Весна Петрушевска, заедно со младите Кристијан Ѓоргиев и Јована Миладинова, на забавен начин ќе презентираат нови факти и ќе разменуваат мислења за актуелната состојба со животната средина во Македонија и за опасностите од глобалните климатски промени, електронскиот отпад и батерииите.
Нови 10 емисии во продукција на КМК која има за цел поттикнување на гледачите и граѓаните да размислуваат и да делуваат позитивно кон природата.
Дани | ТВ Пакет