Веќе неколку денови се шпекулира дека забавната емисија „Тротоар“ што се емитува на Првиот канал на Македонската телевизија, не само што ќе исчезне од истиот, туку и ќе замине во историјата. Според неофицијалните информации, шоуто ќе замине од МРТ затоа што, наводно, Томато продукција и Македонската телевизија повеќе не се во добри односи, а проектот целосно ќе бил укинат поради слабиот рејтинг и големите трошоци за маркетинг. Сето ова делумно се потврди со исфрлањето на проектот на Чомовски од Прва.
Крис Манев | ТВ Пакет