Почетна / Филм / Македонскиот долгометражен филм „Збор“ во сабота на Наша ТВ

Македонскиот долгометражен филм „Збор“ во сабота на Наша ТВ

Во сабота на 10 декември на Наша ТВ во 22 часот премиерно ќе се прикаже македонскиот современ филм “Збор”, кој е по сценарио и во режија на Слободан Деспотовски. Филмот се реализираше во 2015 година со поддршка на Агенцијата за филм на РМ и МРТ и е во проукција на „СД Продукција“. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Сенко Велинов, Диме Илиев, Игор Стојчески, Ана Стојановска, Ванчо Петрушевски, Илбер Муртези, Гораст Цветковски, Катерина Шехтанска, Роберт Велјановски.

Филмот ја раскажува приказната за двајца пријатели: Горди – кој го почитува законот и кој сака да се обезбеди за староста што доаѓа но и да ја обезбеди иднината на неговата ќерка Александра, и Арно – некогашен легионер, човек без вера ни закон. Приказната открива дека Горди баш и не го почитува законот и дека Арно сепак има еден закон – дадениот збор, кој ќе го почитува на свој, крвав, начин.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!