Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (21-во продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (21-во продолжение)

Кога ноќта падна, Енцо доби неочекувана покана од својот газда, дон Фасуто да одат на јавање заедно со него и неговите синови.
Естер и Лукреција седеа во собата на девојките. Лукреција гледаше преку прозорецот директно во шталата, споделувајки ги своите мисли со својата роднина, нејзината ќерка Алис и својата внука Елиса.
– Чудно е што решија да јаваат во оваа доба. Каде ли ќе одат?
– Ајде мамо, те молам не биди наивна, – рече Алис, прозевајки се. – Сигурно ќе одат во селото во борделот на онаа жена.

 

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 21 – „Бакнеж за бакнеж“

 
Кога ноќта падна, Енцо доби неочекувана покана од својот газда, дон Фасуто да одат на јавање заедно со него и неговите синови.
Естер и Лукреција седеа во собата на девојките. Лукреција гледаше преку прозорецот директно во шталата, споделувајки ги своите мисли со својата роднина, нејзината ќерка Алис и својата внука Елиса.
– Чудно е што решија да јаваат во оваа доба. Каде ли ќе одат?
– Ајде мамо, те молам не биди наивна, – рече Алис, прозевајки се. – Сигурно ќе одат во селото во борделот на онаа жена.
– И што велиш ти за тоа, Естер?, – Лукреција ја праша својата роднина.
– Што можам јас да мислам? Тоа е одлука на Фаусто.
– Жено, те молам, како можеш да трпиш нешто такво?
– Биди потивка, мајко, на Елиса и треба одмор, – Алис ја прекори бучната Лукреција.
– Зарем не си загрижена, Алис? Се работи за твојот иден сопруг!
– Сигурна сум дека кога ќе се ожени со мене, ќе заборави на оваа навика, – иронично одговори Алис, протегнувајки се низ креветот.
– Изгледа дека се спрема нешто големо. Го носат и Енцо, – додаде Лукреција, продолжувајки да ги шпиунира мажите преку прозорецот.
– Енцо?, – повтори Естер. Ваквите зборови навистина ја изненадија и ја допреа.
Елиса ја забележа реакцијата на својата мајка. Никој друг не можеше да се посомнева, но таа знаеше.
– Зошто да не?, – праша Алис. – Тие се мажи и како такви имаат право да прават се што сакаат.
Естер не одговори ништо. Остана нема до крајот на вечерта, кога се повлече во својата соба со изговор дека ја фатило дремка. Седеше до доцна на каучот, гледајки низ прозорецот, прашувајки се каде е Енцо, што ли прави во тој момент?

Старата сопстевничка на борделот во селото, ги подготвуваше своите девојки за најавената посета.
– Побрзајте бидејки ни јавија посета!, – доња Кармен, сопственичката на јавната куќа лично ги прогледуваше девојките пред значајните посети како оваа. Четирите девојки мораа да бидат избањати, намирисани, чисти и облечени во перени алишта. Визуелниот аспект беше доста важен за клиентелата.
Додека девојките се кикотеа меѓусебе и се договараа која со кого ќе биде, влегоа гостите. Фаусто, неговите синови и непознатиот русокос господин кој предизвика воздишка кај дамите.
– На што се должи оваа посета, Кастењон?, – низ насмевка го праша доња Кармен. – И кој е овој убав господин?, – посочи кон Енцо.
– Тој е новиот работник на фазендата. Сакам да му најдеш достојна дама.
– Нема порблем. Ќе го третираме како крал.
– Не, не како крал, туку како принц. Овде единствен крал сум јас, – нагласи Фаусто.
Енцо го погледна. Дури и во такви мигови, имаше потреба да ја искаже својата надмоќ и престиж. Му се гадеше од Фаусто Катсењон.

Кристина беше подготвена за забава. На себе носеше црвена долна облека, која ги истакнуваше сите нејзини женски посластици. Кога Фаусто влезе во нејзината соба, ја праша зошто не слегла долу за да го пречека.
– Зошто? Знаев дека ќе дојдеш самиот по мене, – дрско му одговори таа.
– Навистина?, – ја повлече грубо кон себе. – И зошто си толку сигурна?
– Бидејки знам што сакаш, – му удостои со одговор.
– Не, Кристина, денес сакам да удоволиш некој друг.

Кога Фаусто повторно слезе долу, неговите синови веќе уживаа во оралните задоволства пружени од двете професионални девојки. Енцо стоеше на страна, потпрен на клавирот, пиеше црвено вино и се прашуваше дали тие девојки имаат родители или роднини?!
– Енцо!, – до него допре деспотскиот глас на Фаусто. – Сакам да те запознаам со една пријателка која има голема желба да те запзонае.
– Не, дон Фаусто, јас ќе си одам, благодарам. Како што ви реков по пат, ја прифатив оваа понуда само за чашка пијалок. Сега ми е доволно, си одам.
– Како тоа си одиш?
– Не се чуствувам добро и би сакал да бидам во кревет. Уживајте во ноќта и догледање, – додаде Енцо и ја напушти просторијата. Пријде до дворот каде што го чекаше врзан неговиот коњ.

Естер лежеше во постела и читаше роман. Неколку пати ја препрочитуваше истата страница бидејки немаше концентрација да мисли на било што друго освен на Енцо. Неговите зборови од утрото не можеше цел ден да ги тргне од својата глава.
– Го прочитав твоето писмо и многу ми е мило што ги гаиме истите емоции.
Слушна шум, па удар на камче во стаклото на прозорецот. Не беше сигурна дали и се присторува, дали фантазијата си игра со нејзината реалност или навистина некој е под прозорецот. Кога и второто камче удри во стаклото, повеќе немаше сомнеж. Ја остави книгата на душекот и стана од постелата. Долу, близу фонтаната, под светлината на месечината, стоеше Енцо, давајки и знак со раката дека ќе ја чека.
Таа ја зеде наметката со качулка на главата, зеде еден фенер во раката и излезе од собата, како магепсана, препуштена на својот инстинкт. Излезе на тремот. Ноќта беше свежа и почуствува студ на кожата. Погледна наоколу но немаше ни трага од Енцо. Се упати кон скалите на тремот, кога тој ја повлече кон себе зад еден столб од фазендата.
– Енцо, – прошепоте со тивок глас.
– Морав да те видам пред да одам на спиење, – одговори тој низ насмевка, додека со десната рака ја милуваше кожата на нејзиното лице. На месечевата светлина, со качулката на главата, делуваше како Богородица. Беше убава како икона.
Таа ја извади качулката од главата . Коста и беше собрана во густа плетека. Го гледаше со сјај во очите. Молчеа но како да си кажуваа илјада зборови. Ја сакаше неговата жива насмевка, неговото убаво лице и тие очи со боја на морето кои сјаеа во ноќта. Во далечината лаеше некое куче. Ја бакна нежно, како да отвара недопрена пупка на неоформен цвет. Таа уживаше во секоја секунда, во секоја нежност, во секој допир…

Ниту Алис и Елиса не можеа да заспијат таа вечер. Лежеа на исто лежиште, светилката на ламбата ги осветлуваше страниците на книгата која Алис ја читаше на глас, со цел да и помогне на својата роднина да заборави на лошото искуство од претходниот ден.
– Смеам ли да ти кажам нешто, Алисиња?, – одеднаш праша Елиса, давајки до знаење дека не е заинтересирана за романот. Барем не беше таа вечер кога имаше стотици мисли во главата.
– Секако дека можеш, – одговори Алис, затварајки ја книгата. – Секогаш можеш да имаш доверба во мене.
– Мислам дека сум вљубена…
– Вљубена? Мислиш дека си вљубена?, – потпраша девојката.
– Да, – потврди Елиса. – Но, таа љубов е невозможна. Забранета љубов.
Алис се насмевна. Одеднаш почуствува како и се грчи утробата. Дали Елиса ќе и се довери дека е вљубена во неа? Дека има чуства за својата роднина? Дека љуби жена?
– Забранета љубов, велиш?
– Да. Се чуствувам неисполнето поради тоа. Се чсутвувам невредно бидејки таа љубов не ми е возвратена. Дали некогаш си љубела некој недостижен, Алисиња?
– Секогаш…
– Извини што те вознемирувам со моите емоции.
– Не, не, Елиса, те молам, сакам да знам. Кажи ми се што чуствуваш.
– Имам чуство дека во оваа куќа никој не ме зема здраво за готово. Никој не ме слуша. Ме третираат како да сум мало девојче.
– Јас не мислам така за тебе, Елиса, – рече Алис, милувајки ја косата на својата братучетка. – Јас мислам дека си неверојатна млада дама.
Ги затвори очите и нежно и го принесе своето лице, спуштајки ги своите усни врз нејзините.
Зениците на Елиса широко се отоврија. Не се помрдна ниту трепна. Беше во шок.
Алис ги отвори очите и го виде запрепастениот израз во очите на својата роднина. Тогаш сфати дека таа не зборувала за неа. Но, беше предоцна.

Продолжува во понеделник…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!