Почетна / Серии / Американците со своја верзија на мегахитот „Руби“

Американците со своја верзија на мегахитот „Руби“

 

Се сеќавате ли на мегапопуларната латино-американска серија „Руби“ којашто се емитуваше на А1? Истата наскоро ќе добие американска верзија! Американскиот FOX се нафати да снима римејк на оваа теленовела во соработка со мексиканската Televisa. За сценариото веќе е задолжена Лиса Лумер, обновениот проект „Руби“ на големо се подготвува.

 

 

„Руби“ е проект кој доживеа интернационален успех, а приказната зборува за млада, убава и сиромашна девојка која прави се за да дојде до богатство и моќ, дури и по цена да ја изгуби љубовта на својот живот. Премиерата на серијата се емитуваше од септември 2004. година, до март 2005. година. Последната епизода беше следена од повеќе од 8 милиони гледачи. Ликот на Руби го одигра актерката Барбара Мори.

 

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!