Почетна / Филм / Познатите „Нинџа желки“ во четврток и петок на ТВ 24

Познатите „Нинџа желки“ во четврток и петок на ТВ 24

Aмерикански филм за суперхерои во два дела снимени во 2014 и 2016 година, базирани на истоимените ликови создадени од Кевин Истман и Питер Лерд, во режија на Џонатан Либесман и сценарио на Џош Апелбаум, Андре Немек и Еван Дагерти. Главните улоги ги толкуваат Меган Фокс, Вил Арнет, Вилијам Фихтнер, Дени Вудбурн, Аби Елиот, Ноел Фишер, Џереми Хауард, Пит Плошек и Алан Ричсон, со гласовите на Џони Ноксвил и Тони Шалхуб.

Ејприл О’Нил, е локален новинар на Канал 6 во Њујорк, која истражува криминален бран од група криминалци наречени Фут клан. На пристаништето ноќе, е сведок на напад на крадци кои сакаат да ограбат роба и оставаат необичен симбол. Шефицата на Ејприл, Бернадет Томпсон и нејзините колеги не веруваат во нејзината приказна. Подоцна, на хумаитарен настан организиран од Sacks Industries, Ејприл изразува благодарност до извршниот директор на компанијата Ерик Сакс, поранешниот партнер на нејзиниот покоен татко.

Водачот на Фут Клан, Шредер ги тера Фут Војниците да земаат заложници на станицата на метрото, а Ејприл која известува од местото на настанот, и самата станува заложник. Пристигнуваат четири мистериозни фигури, го вадат Кланот и ги ослободуваат заложниците. Ејприл ги следи до покривот и е шокирана кога гледа дека чуварите се антропоморфни мутанти желки на кои им ги дознава имињата Рафаел и Леонардо.

Ејприл се враќа дома и открива дека експериментот на нејзиниот татко, вклучувал четири желки по име Леонардо, Донатело, Микеланџело, Рафаелo и мутиран стаорец наречен Сплинтер. Кога ја открива приказната на работа, добива отказ.

Првиот дел од “Нинџа желки” ќе го гледате во четврток, 15 декември 2022 на ТВ 24 во 22.30 часот, а вториот дел од приказната за мутираните желки следува во петок, 16 декември во истиот термин.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!