Мајк Тајсон во една емисија призна дека тогашната сопруга Робин Гивенс ја фатил во кревет со холивудскиот глумец Бред Пит. Настанот се случил кон крајот на осумдесетите години.
„Иако се разделувавме јас секогаш зборував дека таа е свиња, но одев кај неа само за да имаме секс. Еден ден сфатив дека некој стигнал пред мене. Збеснав и бев спремен се да направам. Не го очекував тоа. Требаше да ми го видите изразот на лицето“, вели Тајсон.
Мајк не откри што се случило понатаму, но веројатно не бил многу насилен со оглед на тоа дека Бред Пит денеска е жив и здрав.
Ивана Таневска | ТВ Пакет