Не помина ни еден месец од контроверзната победа на годинашниов „Макфест“, а победничката Сара Марковска по се изгледа веќе летнала во облаци, пишува Либертас. Таа го одбила организаторот на хуманитарната вечер за помош на лекување на момчето Един Демировиќ. Хуманитарната вечер се одржа во саботата во дискотеката Милионер поранешен клуб 69. Сара дошла вечерта во дискотеката ама изгледа како „вистинска“ звезда одбила да пее оти немало многу публика според нејзиниот критериум. Сепак, во име на хуманоста настапиле Некст Тајм , Јоце Панов, Даниел Дан, Љупка Најдановска и други. Водителка била Хелена Роза. Организаторите како што велат се шокирани од дрскиот однос на Сара и одбивањето да пее за Един кој за лекување во Турција треба да плати 100 илјади евра.
Крис Манев | ТВ Пакет