Вашата омилена телевизиска забава продолжува со нови емисии за уште повеќе адреналин, смеа и емоции. Првата емисија во новата година ќе ја гледате на 2 јануари (понеделник) во 21.15 часот, а веќе секоја следна ве очекува во стандардниот термин во сабота навечер.
Најголемото музичко шоу во регионот и оваа сезона ќе ве разигра и разнежни во добропознатиот термин за вистинско опуштање и уживање.
Талентите од целиот регион ќе ги покажат своите вокални способности на грандиозната Грандова сцена, а покрај тоа што ќе треба да ја придобијат наклонетоста на публиката, идните ѕвезди на Гранд прво ќе треба да ги освојат симпатиите на стручното и продукциско жири.
Жирито и оваа сезона го сочинуваат најголемите балкански ѕвезди кои ќе ви приредат вечери за паметење со нивните уникатни дискусии и хумор кој допрва ќе ве остава без здив.
Ана Бекута, Светлана Ражнатовиќ – Цеца, Марија Шерифовиќ, Вики Миљковиќ, Драган Стојковиќ Босанац и Ѓорѓе Давид се дел од провереното жири што победува и не се менува, а продукциското жири и годинава е предводено од Саша Поповиќ, Снежана Ѓуришиќ и Александар Милиќ – Мили.
Нивната задача и оваа сезона нема да биде воопшто лесна затоа што за учество во најгледаното шоу се пријавија неколку илјади кандидати од сите земји во регионот.
Бидете подготвени и сместете се удобно. Спектаклот се враќа на Ваше огромно задоволство. “Ѕвездите на Гранд” само на Сител.
Дани | ТВ Пакет